24фудбал

ПСЖ со комплетен состав не само што загуби од Рен, немаше ни шут во рамките од голот (ВИДЕО)

ПСЖ со Нејмар, Меси, Мбапе и Ди Марија во нападот не успеа ниту да шутне во рамките од голот на Рен, загуби со 2-0.

Франција

Со голови на Лаборде пред крајот на првото полувреме и Таи на самиот почеток од вториот дел, Рен го победи ПСЖ со 2-0.

Меси еднаш ја погоди пречката, но ниту еден шут од фудбалерите на ПСЖ не заврши во рамките од голот.

Покетино играше со најдобриот состав кој го има на располагање, Меси, Нејмар, Мбапе, Ди Марија, Верати, Хакими, Донарума... но разочара.

Но бодовно поразот не боли, ова беше само прв загубен меч за ПСЖ во Франција оваа сезона.