24фудбал

Суарез го објасни „телефонскиот повик“, но никој не му верува дека ја кажа вистината

Луис Суарез го постигна својот прв гол против Барселона и го прослави на начин кој предизвика големо внимание во јавноста.

Шпанија

Суарез со гол ја запечати победата на Атлетико Мадрид, ги постави конечните 2-0. Тоа беше негов прв погодок против својот поранешен тим. Не славеше, но направи гест кој предизвика големо внимание.

Откако го даде голот, Суарез прво им се извини на фановите на Барселона за погодокот, но потоа направи гест како да збори на телефон и гледаше кон трибините.

А на трибините беше Роналд Куман кој поради суспензија не беше на клупата на Барелона.

Куман пред повеќе од една година преку телефон му соопшти на Суарез дека нема да смета на него во тимот на Барселона и тој може да си замине. Денешниот гест на Уругваецот е одмазда кон Куман иако тој даде сосема друго објаснување.

„Гестот со телелфонот беше порака за луѓето кои знаат дека го имам истиот број а не ми се јавуваат. Не беше порака за Куман. Со синовите ја подготвувавме оваа шега и затоа ја направив“, рече Суарез, но никој не му поверува.