24фудбал

Атлетико Мадрид немаше големи проблеми со Барселона, лесна победа (ВИДЕО)

Барселона дожива уште еден пораз, овој пат загуби со 2-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид во меч од Ла Лига.

Шпанија

По поразот од Бенфика во Лига на шампиони, денеска навивачите на Барселона имаа ново разочарување, загубен меч од Атлетико Мадрид.

Но со оглед на сите околности оваа сезона, овој пораз на Барселона беше очекуван. Атлетико Мадрид рутински си ја заврши работата.

Лемар во 23. минута и Луис Суарез во 44. минута ги постигнаа головите за Атлетико Мадрид.

Барселона е деветто место во моментов, но има и заостанат натпревар.