24фудбал

Спалети слабо се подготвил за мечот со Спартак, не знаеше кој е тренер на гостите! (ВИДЕО)

Лучано Спалети изгледа не си ја завршил добро домашната за дуелот против Спартак Москва, тренерот на Наполи не знаеше кој е тренер на гостите па мораше да ги праша луѓето од клупата со кого треба да се поздрави.

Лига Европа

Интересни сцени се случија синоќа пред почетокот на натпреварот помеѓу Наполи и Спартак Москва во Лига Европа.

Лучано Спалети тргна да се поздрави со својот колега од таборот на гостите, но очигледно не знаеше кој е тренер на Спартак Москва и мораше да добие инструкции. Човек од клупата со прст му го покажа Руи Виторио, кој стоеше крај аут линијата и делеше последни инструкции за своите играчи.

Спартак Москва со три бода си замина од „Диего Армандо Марадона“, со пресврт во вторит дел славеше со 2-3 и покрај тоа што нашиот Елиф Елмас им даде гол по само 13 секунди, па клубот од Русија беше расположен за шега и утрово го сподели видеото од збунетиот Лучано Спалети на социјалните мрежи.