24фудбал

Црвена звезда го победи Лудогорец, Динамо Загреб убедлив против Генк (ВИДЕО)

Црвена звезда со 1-0 славеше на гостувањето кај Лудогорец, Динамо Загреб со 3-0 победи во Белгија против Генк, Ристовски го одигра целиот меч, Адем нешто повеќе од еден час беше на теренот.

Лига Европа

Црвена звезда беше поконкретна од Лудогорец и заслужено се радува на втората победа во Лига Европа. Единствениот погодок на мечот беше дело на Канга во 64. минута.

Динамо Загреб со 3-0 победи кај Генк. Адеми играше до 64. минута, Ристовски настапи на целиот меч. Хрватскиот тим поведе со гол на Иванушец во 10. минута, два гола од пенал постигна Петковиќ.

Леверкузен со 4-0 победи на гостувањето кај Селтик, Лацио со 2-0 го совлада Локомотив Москва, Вест Хем со истиот резултат беше подобар од Рапид Виена.