24фудбал

Солшер: Уште една магична ноќ на Олд Трафород, но имавме среќа

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер победата над Виљареал ја опиша како магична ноќ, но признава дека имале и среќа.

Лига на Шампиони

Благодарение на одличните интервенции на Де Хеа во првото полувреме и голот во судиското продолжение на Кристијано Роналдо, Маннчестер јунајтед со 2-1 го победи Виљареал.

„Олд Трафорд во Лигата на шампионите е магичен и понекогаш историјата ни помага. Вечерва Кристијано постигна добар гол и Телес постигна фантастичен гол“, вели Солшер.

„Тоа што се случи тука на Олд Трафорд, се случило премногу пати претходно. Мора да признаеме дека имавме среќа“.

„Фудбалот е составен од подеми и падови. Вечерва дојдовме до резултатот кој го посакуваме и среќни сме поради тоа“.

„Роналдо ова го правел премногу пати. Го видовте против Ирска пред неколку недели. Промаши пенал, многу малку допири имаше со топката во текот на мечот, но во последните две минути даде два гола со глава и победија. Тоа го прави во текот на целата кариера, премногу е силен ментално. Го гледам по цел лден, начинот на кој се подготвуваше за натпреварот, како се фокусираше и кога ќе ја добие и таа една шанса,а тоа е гол“.

„Денеска победивме и поради одбраните на Де Ха, тој беше спасителот, треба да бидеме реални и да го кажемем тоа. За мене тој е играч на натпреварот“.