24фудбал

Роналдо во 95. минута донесе победа за Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со гол во 95. минута од натпреварот му донесе победа на Манчестер јунајтед над Виљареал.

Лига на Шампиони

Виљареал беше подобар тим во првото полувреме, само благодарение на одбраните на Де Геа, Манчестер јунајтед не беше во негатива.

Добрата игра тимот на Емери ја префрли и во вториот дел, а тоа резултираше со гол на Пако Алкасер во 53. минута.

Но радоста на гостите не траеше многу долго, во 60. минута Телес со прекрасен гол го изедначи резултатот на 1-1.

Се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, но Кристијано Роналдо по асистенција од Лингард во последната минута од судиското продолжение донесе победа за Манчестер јунајтед.

Овој триумф е посебно важен ако се знае дека во првото коло Манчестер јунајтед загуби од Јанг Бојс.

Голот на Роналдо можете да го видите и на овој ЛИНК.