24фудбал

Вечерва ќе се оствари сонот на Донарума

Џиџо Донарума вечерва ќе го има својот прв настап во Лигата на шампионите, нешто за кое што отсекогаш велел дека сонува.

Лига на Шампиони

Во првото коло од Лигата на шампионите, против Клуб Бриж, на голот на ПСЖ беше Кејлор Навас. А информациите од Франција и Италија велат дека вечерва против Манчестер Сити ќе брани Џиџо Донарума.

Тоа за Донарума ќе биде прв настап во кариерата во Лигата на шампионите, нешто за кое отсекогаш сонувал.

„Сонувам да играм во Лигата на шампионите“, изјави Донарума пред неколку години.

Дури и се веруваше дека неговото продолжување на договорот со Милан ќе зависи и од тоа дали росонерите ќе изборат пласман во ЛШ. Тие ја остварија таа цел, но Донарума си замина бирајќи финансиски подобра понуда.