24фудбал

Адеми повторно се повреди, би можел да го пропушти дуелот со Германија

Лоша вест за селекторот Милевски, Аријан Адеми синоќа поради повреда беше заменет, деталните тестови ќе покажат дали ќе го пропушти дуелот со Германија.

Македонија

За време на мечот против Оријент во купот на Хрватска, капитенот на Динамо Загреб се пожалил на болки во бутниот мускул поради што побарал да биде заменет.

Во следните неколку денови ќе бидат направени тестови по кои ќе се знае за каква повреда точно се работи и колку дена пауза ќе му биде потребна на Адеми.

Македонија на 8. октомври му гостува на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекува Германија во Скопје.

Адеми поради повреда ги пропушти дуелите со Ерменија, Исланд и Романија. Сега се стравува дека може да се случи истата приказна.