24фудбал

Солшер: Испаднавме од овој куп, но сезоната е долга, имаме други важни мечеви пред нас

Манчестер јунајтед доживеа рана елиминација од Карабао купот откако синоќа на свој терен беа поразни од Вест Хем.

Англија

Манчестер јунајтед испадна од едно натпреварување, на Солшер му останаа уште три фронта за да го освои првиот трофеј како тренер на црвените ѓаволи.

„Почнавме лошо. Тие дадоа гол, па почнавме да играме добро во долги периоди. Кога ќе видите дека сте имале 27 шута, не можете да им замерите на момците“, вели Солшер.

„Сакавме да поминеме понатаму, но сезоната е долга. Не можам да им замерам на играчите за нивното однесување, а пред нас имаме уште големи натпревари. Сезоната е долга, се обидуваме да дојдеме до резултати. Испаднавме од овој куп, што не е добро, но сега се фокусираме на мечот во сабота“.

Во сабота во натпревар од Премиерлигата, Манчестер јунајтед ја пречекува Астон Вила на Олд Трафорд. Потоа им доаѓа Виљареал во Лигата на шампионите која ја стартуваа со пораз.