24фудбал

Милан не го сака второто или третото место, целта е Скудетото

Алексис Салемакерс вели дека Милан не цели на ништо помалку од првото место на крајот од сезоната во Серија А.

Италија

Милан има одличен старт на новата сезона во Серија А, четири победи и едно реми. Тимот на Пиоли изгледа одлично, веќе и составот е широк, па се собираат бодови и кога има повеќе отсутни фудбалери.

На вчерашниот дуел против Венеција, Салемакерс влезе од клупата и даде значаен допринос за победата, беше и асистент за вториот гол.

„Се обидов да му помогнам на тимот, замените имаа добар импакт, среќни сме“, вели Салемакерс.

„Очигледно работата која ја направи тренерот и ми даде верба, ми помогна да созреам, но истото се случи и со тимот. Зборуваме многу, млади сме, си помагаме. И тоа е важно“.

„Моите карактеристики се малку подефанзивни од тие на Рафал Леао и Анте Ребиќ, но во исто време сакам и да нападнам“.

Белгиецот вели дека целта на Милан е првото место, ништо подолу.

„Ќе се обидеме да освоиме оваа сезона. Не не интересира да завршиме втори или трети“.

„Ќе размислуваме од натпревар за натпревар и ќе видиме што ќе се случи, но ние целиме на врвот“.