24фудбал

Јувентус со пресврт до триумф над Специја, прва победа оваа сезона (ВИДЕО)

Во петтото коло Јувентус ја забележа првата победа во Серија А оваа сезона откако со 3-2 ја совлада Специја.

Италија

Јувентус добро го почна амечот, поведе во 28. минута со гол на Кин, но само пет минути подоцна Гиаси израмни на 1-1.

Течеше четвртата минута од второто полувреме, Антисте постигна гол за водство на Специја од 2-1, нов шокантен резултат за Јуве.

Но старата дама сепак успеа да се опорави, Киеза во 66. минута го изедначи резултатот на 2-2, а шест минути потоа погоди и Де Лихт за победа на Јувентус од 3-2.

Во овој термин се играше и мечот меѓу Салернитана и Верона кој заврши 2-2.