24фудбал

Чурлинов: Можеме уште еднаш да ја победиме Германија

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов не гледа причина зошто Македонија не би можела уште еднаш да ја победи Германија.

Македонија

Македонија направи вистинска сензација откако ја победи Германија на нејзино тло, тоа беше на почетокот од квалификациите.

На 11. октомври Германија ни гостува во Скопје, а нашиот фудбалер кој настапува во тимот на Шалке цели кон нов успех.

„Многу ми значат дебито за Македонија и настапот на Европското првенство бидејќи си го исполнив детскиот сон. Благодарение на репрезентативните мечеви имав можност да играм против најдобрите играчи во Европа уште на млада возраст. Сега пред нас е меч против Германија, нема да биде лесно, но наша предност е домашниот терен во Скопје. За да ја победите Германија треба да мате добар ден, тогаш го имавме, па зошто да не успееме во Скопје, зошто и по вторпат да не ја победиме Германија“, изјави Чурлинов.