24фудбал

Навивачи на Вележ влегоа во терен и прекинаа меч, а го запалиле и автомобилот на судиите (ВИДЕО)

Вистински хаос во режија на домашните навивачи се случувал на мечот меѓу Вележ и Борац Бања Лука од првенството на Босна и Херцеговина.

Останато

Во завршницата од натпреварот меѓу Вележ и Борац се случил голем инцидент, во 82. минута гостите повеле со 2-0 и тогаш дел од домашните навивачи влегле на теренот.

Тие тргнале да се пресметуваат со судиите и фудбалерите на Борац, мечот тука бил прекинат.

Мечот имал и трето полувреме. Било запалено возилото во кое во моментот биле судиите. 


Во болница завршил главниот судија Сабрија Топаловиќ и супервизорот на судењето на мечот. На физички напад се пожалил и директорот на Борац, Дејан Лукендиќ.