24фудбал

Драма во Болоња, Џенова и Пандев во последните минути се спасија од пораз (ВИДЕО)

Болоња и Џенова одиграа меч со крајно драматична завршница кој заврши без победник, 2-2, Горан Пандев во игра влезе во текот на второто полувреме.

Италија

По мирното прво полувреме, вистинска бура се случуваше во вториот дел, во кој најпрво Болоња поведе со гол на Хикеј, а пет минути подоцна Дестро реализираше за 1-1.

Горан Пандев во игра влезе во 68. минунта од натпреварот.

Во 85. минута Арнаутовиќ од пенал го врати водството на Болоња, но само четири минути подоцна и Џенова имаше пенал, Кришито израмни на 2-2.

Во судиското продолжение тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ доби црвен картон поради жестоко протестирање кон судијата.

Течеше 96. минута кога Болоња ја погоди пречката од голот на Џенова, а потоа фантастична интервенција имаше Сиригу, кој го сочува ремито за Џенова.