24фудбал

Абрахам упати извинување до навивачите на Рома, овие му возвратија на одличен начин (ВИДЕО)

Младиот англиски напаѓач досега запиша два гола, како и исто толку асистенции во дресот на Римјаните каде за брзо време се адаптираше.

Италија

Рома под водство на Жозе Мурињо на одличен начин ја стартуваше новата сезона во „Серија А“, меѓутоа во четвртото коло се случи и првиот пораз, на гостувањето кај Киево во Верона.

По трите победи во низа против Фиорентина, Салернитана и Сасуоло, „Римската волчица“ беше поразена кај Киево со 3-2, а напаѓачот Тами Абрахам тргна кон навивачите да се извиниза перформансите.

Веднаш штом го стори тој гест, навивачите од Рим му одговорија со поддршка на англискиот напаѓач кој во летниот преоден рок пристигна од Челси.