24фудбал

Нов убедлив пораз на македонските фудбалерки, овој пат дома од Австрија

Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа нов дебакл во квалификациите за СП, овој паат загубивме во Скопје од Австрија со 6-0.

Македонија

По поразот од 8-0 против Англија, денеска македонските фудбалерки примија шест голови од Австрија.

Гостинките го отворија резултатот уште во 12. минута кога Хобингер постигна гол за водство од 1-0. 

До крајот на првиот дел мрежата на Дервиши ја затресоа и Била и Ашауер за 3-0.

Три голови примивме и во второто полувреме, Била постигна уште два за нејзиин хет-трик, а втор гол реализираше Ашауер за конечни 6-0.