24фудбал

Санто му порача на Кејн да го остави минатото зад себе

Неофицијалните информации говорат дека трансферот на Кејн во Манчестер Сити бил пред самата реализација, меѓутоа до истата никако не успеал да стигне неговиот агент, кој воедно е и негов брат, Чарли Кејн.

Англија

Предводникот на Тотнем, Нуно Еспирито Санто го повика напаѓачот Хари Кејн да го остави минатото зад себе, алудирајќи на разочарувањето кај него за пропаднатиот трансфер во Манчестер Сити во летниот преоден рок.

Сето тоа е веќе минато, што и да кажеме во моментов нема ништо да промени во однос на минатото, тоа што треба да го сториме е да го оставиме минатото зад нас, а да се посветиме на сегашноста“ рече Санто.

Мораме да го пронајдеме процесот одвнатре во тимот, се работи за сите фудбалери, мораме да им кажеме да пронајдат решенија, а истите да ги пронајдат на најдобриот можен начин“ додаде тој.

Кејн новата сезона ја почна очајно, а повеќе од јасно е дека кај него нема ниту желба, ниту императив за докажување на теренот во дресот на „Спарси“ оваа сезона.