24фудбал

Левандовски: Неколку пати разговарав со Флорентино Перез, но...

Роберт Левандовски вели дека во неколку наврати разговарал со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и додава дека во моментов не размислува за заминување од Баерн Минхен.

Останато

Полјакот попладнево ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона. Медиумите ја искористија оваа прилика да му постават неколку прашања поврзани со иднината.

Роберт Левандовски често е дел од трансфер шпекулациите и во минатото во неколку наврати се поврзуваше со Реал Мадрид.

„Точно е дека се имам сретнато со Флорентино Перез и тоа повеќе од еднаш. Паметам еднаш разговаравме по натпревар против Реал Мадрид. Но не можам да ви откривам детали од разговорот“ - вели голгетерот на Баерн Минхен.

„Во моментов немам планови да се испробам во друго првенство, целосно сум фокусиран на Баерн. Секогаш ќе има шпекулации, но имам играно против клубови од други земји во Лигата на шампиони, не ми треба да се испробувам во други првенства“.