24фудбал

Јувентус и Атлетико Мадрид заинтересирани за Сака

Младиот англиски фудбалер би можел кариерата да ја продолжи вон Островот, меѓутоа останува дилемата колку тој би бил заинтересиран за такво сценарио, а колку истото би го прифатил и Арсенал.

Англија

Јувентус и Атлетико Мадрид наводно би можеле да тргнат по потписот на 20 годишниот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака, кој е обврзан на верност со „Топчиите“ до 2024 година.

Се верува дека Арсенал не би прифатил понуда за својот фудбалер која би била под 43 милиони фунти, меѓутоа останува отворено прашањето дали и тоа е возможно со оглед на раскошниот талент кој го поседува Сака.

„Калчомеркато“ пренесе дека Јувентус ја следи одблизу ситуацијата со Сака, меѓутоа се соочува со голема конкуренција во Атлетико Мадрид, клуб кој исто така е заинтересиран за неговите услуги.