24фудбал

Од Пума се извинија до навивачите на Борусија Дортмунд за грешката со дресовите

„Милионерите“ тргнаа со победа во новата сезона од групите во Лигата на шампионите, меѓутоа се соочија со одреден пропуст на нивните дресови за што брзо реагираа со критики навивачите на тој клуб.

Германија

Борусија Дортмунд славеше со 1-2 на гостувањето кај Бешикташ, но навивачите на германскиот клуб тргнаа со низа критики поради фактот што на горниот дел на дресовите не беше присутен грбот на клубот.

„Милионерите“ на гостувањето во Турција играа со третата гарнитура дресови за оваа сезона, а од гигантот за спортска опрема „Пума“ беа принудени да се извинат за грешката која била направена со тие дресови.

Ние во целост го разбираме револтот на навивачите, а во оваа прилика би сакале да се извиниме за сево ова“ рече извршниот директор на „Пума“, Бјорн Гулден.