24фудбал

Горецка се обврза на верност со Баерн Минхен до 2026 година

Горецка во досегашните три сезони запиша 82 настапи за клубот од Минхен, за кого постигна и 19 погодоци.

Германија

Леон Горецка се обврза на верност со Баерн Минхен до 2026 година откако стави потпис на нов договор, а со тоа стави и крај на сите шпекулации околу неговата иднина.

26 годишниот Горецка беше влезен во финалната година од својот договор со „Баварците“, а се поврзуваше со можен трансфер во Манчестер јунајтед во текот на летниот преоден рок.

Фудбалерот од средниот ред пристигна во Баерн Минхен во 2018 година по трансферот од Шалке 04, а ланската сезона одигра клучна улога во тимот на поранешниот тренер Ханси Флик во освоената титула во Лигата на шампионите.

Досега Горецка во дресот на Баерн Минхен освои три титули во Бундеслигата, две во националниот куп и една Суперкупот на Германија, една во Суперкупот на УЕФА, како и една титула на Светското клупско првенство.