24фудбал

Во Борусија Дортмунд го идентификувале Вернер како замена за Халанд?

Претходно се шпекулираше дека Челси во обидите за ангажман на Халанд ќе го вметне и Вернер во пакетот понуда, меѓутоа од тоа не се случи ништо.

Германија

Борусија Дортмунд наводно го идентификувала Тимо Вернер од Челси како потенцијална замена за Ерлинг Халанд, доколку норвешкиот напаѓач си замине идното лето.

Халанд ќе има откупна клаузула во висина од 68 милиони фунти која ќе биде активна идното лето, а 21 годишниот напаѓач е желба и на други европски гиганти.

„Билд“ наведува дека токму Вернер е еден од главните кандидати кој би можел да биде замената за Халанд во тимот на „Милионерите“, а интересно е тоа што претходно се шпекулираше дека Челси би можел да го понуди Германецот во пакетот понуда за Халанд.

Баерн Минхен исто се споменува како можен нов клуб за Вернер, кој очигледно е дека ќе мора да прифати пониска плата од моменталната во Челси, која на годишно ниво изнесува околу 17 милиони фунти.