24фудбал

Челси мака мачи да го убеди Рудигер да потпише нов договор

28 годишниот стопер се издвои во голема мера како еден од клучните во системот на Тухел во новата сезона, меѓутоа, барем засега нема позитивни сигнали за продолжување на соработката.

Англија

Челси води тешка битка во преговорите со стоперот Антонио Рудигер за продолжување на соработката, а барем засега нема позитивни сигнали дека обете страни ќе се договорат.

Германскиот репрезентативец за брзо се адаптираше во новиот систем на неговиот сонародник Томас Тухел и за кратко стана еден од клучните на теренот за „Сините“ од Лондон, кои наредното лето би можеле да го загубат стоперот без никакво обештетување.

Се верува дека Рудигер има понуда на маса од Премиерлигашот со неделна плата во висина од 125 илјади фунти, а за стоперот постои сериозен интерес од страна на ПСЖ, Јувентус, Реал Мадрид, но и Баерн Минхен.