24фудбал

Вардар на пенали ја совлада Победа, Македонија ЃП и Работнички лесно поминаа до осминафиналето

Денеска се одиграа поголем дел од натпреварите од Купот на Македонија, интересно беше во Прилеп каде Вардар ја совлада Победа на пенали, мечот во регуларниот дел беше 1-1.

Македонија

Победа подобро го почна натпреварот, создаваше шанси, но не успеа да поведе. Вардар дури во 36. минута првпат се закани, ја погоди стативата. На одморот се замина без голови.

Во вториот дел Вардар прв се израдува на погодок, Дејан Блажевски постигна прекрасен гол од слободен удар за водство од 1-0.

Победа создаваше шанси, но никако да постигне гол, дури во последнитее моменти од мечот Филип Стомнаровски реализираше за 1-1.

На пенали Вардар ги реализираше сите удари од белата точка, Победа промаши еден, и скопскиот клуб обезбеди место во осминафиналето.

Македонија Ѓорче Петров со 3-0 победи на гостувањето кај Детонит јуниор, со истиот резултат Работнички славеше кај Слога во Виница, најубедлив беше Пелистер кој со 9-0 го совлада Љуботен.

Куп на Македонија 1/16 финале:

Детонит јуниор - Македонија ЃП 0:3

Победа - Вардар 1:1 (5-6 по пенали)

Воска Спорт - Брегалница 0:1

Локомотива - Охрид Лихнидос 0:2

Гоствар - Ренова 0:4

Љуботен - Пелистер 0:9

Слога Виница - Работнички 0:3

Новаци 2005 - Тиквеш 0:2

Саса Каменица - Струга Трим Лум 0:2

Беса Добридодл - Скопје 1:1 (3:4 по пенали)

Велешта - Шкупи (22. септември)

Кит Го - Шкендија (22. септември)

Њу Старс - Борец (22. септември)