24фудбал

Румениге: Мислам дека Халанд нема да се пресели во Ливерпул, големи се шансите да заврши заедно со Мбапе во Реал

Поранешниот генерален извршен директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге вели дека големи се шансите Ерлинг Халанд да заврши во Реал Мадрид и тоа заедно со Килијан Мбапе.

Шпанија

Откако првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебес пред неколку дена изјави дека Реал Мадрид има финансиска моќ да ги купи Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд заедно, со слична изјава сега излезе и поранешниот генерален директор на Баерн Минхен.

„Левандовски е најдобриот напаѓач во светот, Халанд е вториот најдобар. Верувам дека Баерн сака да го задржи Левандовски и по истекот на актуелниот договор во 2023 година“ – вели Карл Хајнц Румениге во разговор со Билд.

„Халанд е инвестиција. Мислам дека нема да се пресели во Ливерпул. Но Реал Мадрид е друга приказна. Доколку „кралевите“ бркнат доволно длабоко во џебот, големи се шансите следното лето да ги донесат Халанд и Мбапе“.