24фудбал

Лудница во Севиља, за 40 минути беа досудени 4 пенали! (ВИДЕО)

Необично прво полувреме на мечот помеѓу Севиља и РБ Салцбург во Лигата на шампионите, судијата досуди дури четири пенали, еден за домаќините и три за гостите.

Лига на Шампиони

Севиља и РБ Салцбург имаа 40 минути за кои долго ќе се зборува вечерва, судијата дури 4 пати покажа на белата точка.

Гостите добија три пенали, но реализираа само еден. Адејеми промаши во 13. минута, Сучиќ погоди во 21. минута, за истиот играч да промаши во 36. минута.

На спротивната страна, Иван Ракитиќ ја превзеде одговорноста да го изведе пеналот за Севиља во 40. минута од мечот, Хрватот беше сигурен и изедначи на 1-1.