24фудбал

Ќе се види колку вредел Меси, Ракутен и Беко се разделуваат со Барса

„Каталонците“ ќе имаат полни раце работа кога се во прашање спонзорите, Ракутен нема да ја продолжи соработката по крајот на сезоната, исто како и Беко.

Шпанија

На почетокот од годината се крена голема прашина откако беше откриено дека последниот договор на Лео Меси бил тежок 555 милиони евра. „Каталонците“ се во голема финансиска криза, па се пишуваше дека овој договор ја уништил Барселона.

Но имаше и друга страна на приказната, од таборот на Барса брифираа дека Лео Меси е заслужен за една третина од приходите, 8 од 10 продадени дресови се на Аргентинецот, а тој има голема улога и при спонзорските договори, ТВ правата и продажбата на билети и други клупски производи.

Ефектот на Лео Меси веќе се почувствува откако нема толку голем интерес за билетите на Барселона на домашен терен.

Но „каталонците“ допрва ќе бидат ставаени на тест, спонзорот Ракутен решил да не го продолжи договорот. Компанијата од Јапонија во 2017 започна сорботка со Барселона вредна 55 милиони евра по сезона, минатата година беше постигната согласност за нови 12 месеци, но поради пандемијата на ковид-19, сумата беше намелена на 30 милиони евра.

Логото на Ракутен не е единственото кое ќе го нема во иднина, по крајот на сезоната ќе прекине и соработката со Беко, чие лого стои на ракавот од дресовите.

Па Жоан Лапорта и неговите соработници сега ќе треба да бараат нови спонзори, се верува дека има неколку заинтересирани компании, но прашање е без Лео Меси во тимот, колкава сума на пари тие се расположени да платат.