24фудбал

Меси: Не третираа како губитници, коментираа дека не сме го сакале националниот дрес

Големата фудбалска ѕвезда се присетува на тешките моменти низ кои минал тој и неговите соиграчи во репрезентацијата на „Гаучосите“, а тврди дека по едно натпреварување, кое не го наведе, цели 15 денови му биле доста горчливи.

Јужна Америка

Лионел Меси како еден од најдобрите фудбалери на денешницата мина доста трнлив пат во репрезентацијата на Аргентина, селекција со која се соочи со низа неуспеси, а со самото тоа следеа и негативни реакции во таа земја.

Конечно, ѕвездата на ПСЖ освои нешто со „Гаучосите“, а тоа е Копа Америка, и тоа со победа против лутиот ривал Бразил во големото финале, но 34 годишниот фудбалер не може да ја заборави негативната атмосфера низ годините при поразите во финалето од 2007, 2015 и 2016 година во Копа Америка, но и поразот во финалето на Светското првенство во 2014 година.

Ние не бевме толку лоши во тие финалиња кога губевме, но не бевме ниту толку добри за да ја освоиме Копа Америка, веќе го освоивме тоа натпреварување, убаво е, секогаш мислиме дека сме најдобрите, но не е така“ рече Меси.

Само еден тим победува, да се стигне до финалето не е мало достигнување, а тоа воопшто не беше признато, туку спротивното додаде ѕвездата на ПСЖ и продолжи да говори за третманот од аргентинската јавност, но и тамошните медиуми.

Претходно бевме третирани како губитници, неуспешни, а воопшто не е лесно да се освои Светското првенство, првите 15 денови откако си заминав од натпреварување со Аргентина беа толку горчливи, не сакав да правам ништо, а по освоената Копа Америка го имав првиот добар одмор кој досега сум го имал“ подвлече Меси, а тој тврди дека главните критики доаѓале од медиумите во Аргентина.

Постоеше голем дел од медиумската мрежа кои не третираа како губитници, коментираа дека не сме го сакале националниот дрес, бараа од нас повеќе да не играме во него, а ние го дававме максимумот од нас, бевме првите кои сакаа да бидат шампиони“ заклучи Меси.