24фудбал

„Немам татко, не сакам да останам и без тебе“ – Роналдо и забранил на својата мајка да гледа натпревари

Мајката на Кристијано Роналдо има забрана да гледа важни натпревари на својот син откако два пати се онесвестила на стадион, а во една прилика искршила и неколку заби при падот на земја.

Англија

Новинарот Пирс Морган, кој имаше прилика да седне на разговор со Кристијано Роналдо во Торино, открива дека мајката на ЦР7, Долорес има забрана да гледа важни натпревари на својот син.

Нервозата си го правела своето, таа два пати се онесвестила на стадион, а во една прилика искршила и неколку заби кога паднала на земја.

„Има забрана да гледа важни натпревари“ – му рекол Кристијано Роналдо на Пирс Морган. „И кажав, „Слушај, немам татко, не сакам да останам и без мајка ми, па нема да гледаш четвртфиналиња, полуфиналиња и финалиња““.