24фудбал

Барса доби и повеќе од тоа што очекуваше, Илаиш Мориба e нов фудбалер на РБ Лајпциг

Ред Бул Лајпциг го потврди трансферот на големиот талент од Барселона, Илаиш Мориба.

Германија

Барселона велеше дека за Илаиш Мориба на кој му истекуваше договорот по крајот на сезоната бара меѓу 15 и 20 милиони евра.

Но, Тотнем и Лајпциг наддаваа, па на крајот Барса доби и повеќе од што очекуваше.

Германскиот клуб ќе плати 16 милиони евра, плус 6 милиони евра во бонуси, а Барселона ќе добие и 10 проценти од следниот трансфер на Илаиш.