24фудбал

Барса ја демантира фамозната клаузула во договорот на Кутињо за која се пишува со месеци

Од таборот на Барселона ги негираат написите кои велат дека Ливерпул ќе добие бонус од 20 милиони евра доколку Филипе Кутињо одигра 100 натпревари во дресот, но не појаснуваат какви сè клаузули има во договорот на Бразилецот.

Шпанија

Барселона во 2018 година го купи Филипе Кутињо за 120 милиони евра, плсу додатни 40 милиони евра во бонуси. Детали никогаш не беа открини, па низ медиумите често има гласини за тоа што треба да се случи за Ливерпул да добие екстра пари.

Во последните неколку месеци често се пишува за бонус од 20 милиони евра кои Барселона треба да го исплати кога Филипе Кутињо ќе одигра 100 натпревари. Бразилецот во моментов има 90 настапи во дресот на „каталонците“ и доколку летоска не најде нов клуб, сигурно ќе стигне до оваа бројка.

Сепак, од таборот на Барселона за Мундо Депоритво ги негираат ваквите гласини. Тие не сакаат да појаснат какви се клаузули има во договорот на Барселона, но демантираат дека Ливерпул ќе добие 20 милиони кога плејмејкерот ќе одигра 100 натпревари.

Весникот исто така додава дека Роналд Куман нема ништо против да го има Филипе Кутињо во тимот доколку Барса не успее да го продаде или да го испрати на позајмица фудбалерот.