24фудбал

Најскапиот трансфер во Премиерлигата е пред реализација, Грилиш се сели во Манчестер Сити за 100 милиони фунти

Џек Грилиш наскоро ќе стане нов фудбалер на Манчестер Сити, преговорите се во финална фаза и ќе имаат позитивен исход.

Англија

Според „Гардијан“, Манчестер Сити и Астон Вила си подале рака, трансферот на Џек Грилиш наскоро ќе биде комплетиран.

Сумата е околу 100 милиони фунти, а тоа е најголема зделка меѓу два клуба од Премиерлигата.

Откако ќе го реализира трансферот на Џек Грилиш, Манчестер Сити ќе тргне по Хари Кејн кој почна да ги бојкотира тренинзите на Тотнем и да притиска за негово заминување.