24фудбал

Депај постигна мајсторски гол за Барселона (ВИДЕО)

Барселона со 3-0 го победи Штутгарт во пријателски натпревар, а Мемфис Депај со одличен погодок покажа дека може да биде големо засилување за Барселона.

Шпанија

Во 21. минута Депај одлично прими една долга топка, мајсторски се ослободи од играч на Штутгарт и постигна погодок за водство на Барселона од 1-0.


Останатите два гола беа дело на Демир во 36. минута и Пуч во 73. минута.