24фудбал

Ериксен се враќа во Интер, ќе прави тестови за да види дали ќе може да ја продолжи кариерата

Кристијан Ериксен ќе биде подложен на тестови за да види дали ќе може да игра без дефибрилатор со кој не може да настапува во Серија А.

Италија

Ериксен доживеа срцев удар во првиот меч за Данска на Европското првенство, на фудбалерот на Интер му беше ставен дефибрилатор кој ја контролира работата на срцето. Но Серија А не дозволува фудбалер да настапува со тоа.

Во наредната недела тој ќе отпатува во Милано на тестови за да видат докторите дали ќе може да настапува без дефибрилатор.

Дури и да добие зелено светло не се очекува веднаш да се врати на теренот, се очекува да паузира најмалку уште шест месеци.

Ова би требало да бидат клучни тестови по кои ќе се знае иднината на Ериксен.

Постојат три опции, најдобрата е да биде утврдено дека може да настапува без дефибрилатор и да ја продолжи кариерата во Интер.

Втората е да може да игра само дефибрилатор и да ја продолжи кариерата во друга лига кеде што не е забрането да се игра со тоа.

Третото најцрно сценарио е да добие забрана да продолжи да игра фудбал воопшто.