24фудбал

Новиот договор на Пандев е само формалност, Македонецот си подал рака со Прециози

Џенова наскоро ќе соошти дека Горан Пандев останува уште една сезона, Македонецот се договорил со Енрико Прециози и недостасува само да се стави потпис на документите.

Македонија

Горан Пандев ќе одигра уште една сезона во Џенова, наскоро ќе пристигне и официјална потврда.

Газета дело Спорт пренесува дека Македонецот уште пред неколку дена се договорил со претседателот Енрико Прециози за продолжување на соработката.

Новиот договор на Горан Пандев е само формалност и се чекаат потписите на документите за популарните „рособлу“ официјално да соопштат дека напаѓачот ќе биде дел од Серија А и во сезоната 2021/22.