24фудбал

Алиоски со емотивна порака им кажа збогум на навивачите на Лидс (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски се збогува со фановите на Лидс, а тоа значи дека веројатно наскоро и официјално ќе биде соопштено името на неговиот нов клуб.

Англија

Алиоски одлучи да ја одбие понудата за нов договор со Лидс и да отиде во клуб кој ќе му даде повеќе пари.

Галатасарај дефинитивно отпадна, се шпекулира дека истото може да му се случи и со Ал Ахли, но се уште постои можност за трансфер во клубот од Саудиска Арабија.

Денеска Алиоски им кажа збогум на фановите на Лидс, им рече дека секогаш ќе останат во неговото срце, никогаш нема да ги заборави и ќе ги гледа сите натпревари на клубот во Премиерлигата.