24фудбал

Куман одбил две засилувања кои му биле понудени

Тренерот на Барселона, Роналд Куман од различни причини одбил две засилувања кои му ги предложил спортскиот менаџмент на клубот.

Шпанија

Станува збор за Ренато Санчез од Лил и дефанзивецот на Аталанта, Кристијан Ромеро.

Куман од различни причини ги одбил овие засилувања. Ренато Санчез сака да се врати на највисоко ниво како кога за Бенфика прикажуваше голем потенцијал поради кој стигна до Баерн Минхен. Но Куман смета дека Португалецот не е доволно добар за да биде играч на Барселона.

Во случајот со Ромеро, Куман сметал дека има доволно фудбалери во составот на таа позиција како Пике, Ленгле, Ерик Гарсија, Роналд Араухо, Мингуеза како и Умтити кој се верува дека ќе замине.