24фудбал

Брегот на Слоновата Коска ја исфрли Германија од Олимписките игри

Фудбалската репрезентација на Германија доживеа елиминација од Олимпијадата во Токио откако одигра само 1-1 против Брегот на Слоновата Коска.

Останато

Германија важеше за фаворит за пласман во четвртфиналето, но не успеа да ја помине ниту групната фаза.

Денеска одиграа 1-1 против Брегот на Слоновата Коска. Африканците поведоа со автогол на Хенрих во 67. минута, израмн Ловен со прекрасен гол од слободен удар, но Германците не успеаа да дојдат до победа која им беше неопходна.

Во оваа група Бразил ја победи Саудиска Арабија со 3-1, два гола беа дело на Ришарлисон, еден на Куња.

Бразил го освои првото место во групата со седум бодови, Брегота на Слоновата Коска е втор со пет бода. Германија со четири и Саудиска Арабија без бодови ја завршија Олимпијадата.