24фудбал

Ништо ново, Азар во лоша форма се појавил на подготовките во Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, Еден Азар во лоша фитнес состојба се појавил на подготовките во Реал Мадрид.

Шпанија

Реал Мадрид доби ново разочарување од Азар, „Марка“ пишува дека белгискиот фудбалер е во лоша физичка форма.

Еден Азар се врати во Реал Мадрид по одморот и синоќа бил подложен на тестови кои биле разочарувачки.

Според извештајот, Азар бил на многу подобро фитнес ниво додека бил со Белгија на Европското првенство иако таму отиде неподготвен поради последната повреда.

Карло Анчелоти и фитнес тренерот Антонио Пинтус изготвиле план како да го вратат Азар на неговото најдобро време и во поглед на перформанси и фитнес.