24фудбал

Распоред: Шампионот Шкендија одбраната на титулата ја почнува од Кавадарци

Денеска беше извлечен распоредот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Македонија

Шампионот Шкендија кој ја брани титулата во првото коло ќе игра против новиот прволигаш, Тиквеш.

Според тоа како стојат работите во моментов, Шкупи ќе им биде единствениот предизвикувач за трофејот. Тие во првото коло гостуваат кај Брегалница во Штип.

Новата сезона почнува на 8. август со почеток од 17:30 часот.