24фудбал

Не освојува трофеи, но го сакаат, Солшер потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солшер стави потпис на договор со Манчестер јунајтед до 2024 година со можност за продолжување и на уште една сезона.

Англија

Солшер кормилото го презема од Мурињо во сезоната 2018-19, иако досега ништо не освои, раководството и навивачите веруваат дека тој е вистинскиот човек за Манчестер јунајтед.

Тој денеска стави потпис на договор со клубот до 2024 година со можност за продолжување на уште една.

Претходниот договор му истекуваше по крајот на сезоната 2021/22.

„Сите ги знаат моите чувства кон овој клуб и пресреќен сум што потпишав нов договор. Ова е возбудлив период за Манчестер јунајтед затоа што градиме балансиран состав на млади и искусни фудбалери кои се гладни за успех“, вели Солшер.