24фудбал

Шкупи потпиша со македонскиот репрезентативец, Марјан Радески

Македонскиот репрезентативец, Марјан Радески стави потпис на двегодишен договор со Шкупи.

Македонија

Покрај по своите фудбалски настапи, Марјан Радески во македонскиот фудбал е познат и по тоа што е најскапиот играч кој преминал од еден во друг наш клуб. Тоа се случи во 2015 година кога Шкендија го купи од Металург за 150.000 евра.

Радески сега во Шкупи доаѓа од Академија Пандев за која играше во изминатите две години.

„За мене е огромна чест да играм за тим како Шкупи. Секој фудбалер би сакал да биде дел од амбициозен тим, кој се бори за шампионската титула. Се надевам дека ќе им помогнам на моите нови соиграчи заедно да дојдеме до посакуваната цел во новата сезона, а тоа е секако битка за првото место. Ќе дадам сѐ од себе за успесите на овој тим“, изјави Радески.

За Шкупи само формалност ќе биде реваншот со Санта Клара бидејќи првиот меч го загубија со 3-0. Но чаирскиот клуб ќе ја брка титулата во македонското првенство.