24фудбал

Тотнем си купи нов голман

Тотнем го ангажира италијанскиот голман Пјерлуиџи Голини кои во Лондон пристигнува од Аталанта, ќе игра прво како позајмен, но има опција и за целосен откуп.

Англија

Првото засилување за Тотнем во летниот преоден рок е голман, Пјерлуиџи Голини од Аталанта.

„Со задоволство може да соопштиме декка потпишавме со голманот Пјерлуџи Голини од Аталанта на едногодишна позајмица со опција за перманентен трансфер“, се вели во соопштението на Тотнем.

Перманентниот трансфер би го чинел Тотнем 15 милиони евра.

26-годишниот голман е роден во Болоња, како младинец бил во школите на Верона и Манчестер јунајтед. Се враќа во Верона и дебитира во Серија А во 2014 година. Тој бранеше и за Астон Вила во сезоната 2016-17 во Чемпионшип.

За Аталанта има 108 настапи од кои десет во Лигата на шампионите.