24фудбал

Ливерпул нема да ризикува со Ван Дајк и Гомез

Јирген Клоп вели дека нема да ризикува со Вирџил ван Дајк и Џо Гомез и да ги игра во подготвителните натпревари додека тие потполно не бидат опоравени.

Англија

Ван Дајк е во аут од октомври минатата година, а неколку дена подоцна се повреди и Гомез. Двајцата се пред конечно враќање на теренот, но Клоп вели дека нема да брза.

„Би било изненадување ако некој од нив игра против Херта. Двајцата изгледаат многу добро, но треба да бидеме трпеливи. Се подготвуваме за цела сезона, а не за овие подготвителни натпревари“, вели Клоп.

„Не би ризикувал за само да им дадам натпревар. Пред нас ќе имаме уште мечеви, но во следниот нема да играат“.