24фудбал

Пандев решил: Ќе игра уште една сезона во Џенова!

Неколку извори од Италија пренесуваат дека Горан Пандев решил да одигра уште една сезона во дресот на Џенова, Македонецот наскоро ќе седне со раководството на клубот да ги договори деталите.

Македонија

Горан Пандев и во новата сезона ќе го носи дресот на Џенова. Добро упатените новинари на Скај, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, вечерва објавија дека Горан Пандев решил да игра уште една година.

Минатиот месец, Горан Пандев соопшти дека става крај на репрезентативната кариера, дуелот со Холандија на ЕВРО 2020 беше негов последен во националниот дрес, но нејасно беше дали ќе продолжи да игра на клупско ниво или ќе ги обеси копачките.

Како што пренесуваат Ди Марцио и Романо, Македонецот сака да се прости од фудбалот и Џенова со навивачи на трибините, па наскоро ќе седне со раководството на клубот да ги договори деталите и се очекува за кратко време двете страни да си подадат рака.