24фудбал

Ново лошо издание на Шкендија во Европа, пораз од 2-0 на гостувањето кај Рига (ВИДЕО)

Шкендија имаше уште едно лошо издание во Европа, вечерва со 2-0 загуби на гостувањето кај Рига во Конференциската лига.

Македонија

Шкендија можеби домонира во Првата лига, но шампионот на Македонија мака мачи во Европа. По дебаклот од 6-0 во двомечот со Мура во квалификациите за Лигата на шампиони, „црвено-црните“ од Тетово вечерва загубија со 2-0 на гостувањето во Летонија против Рига, во првиот меч од 2. коло во квалификациите за Конференциска лига.

Резултатот беше отворен во 13. минута, Веслеј најдобро се снајде по еден корнер и ја затресе мрежата на Шкендија за 1-0.

Конечните 2-0 беа поставени во 52. минута од мечот , Рамадани загуби топка во опасната зона а домаќините казнија преку Вакулко.

Реваншот се игра за седум дена во Скопје, Шкендија ќе мора да поправи многу работи доколку сака да избегне елиминација. Особено загрижува неефикасноста, „црвено-црните“ немаат постигнато гол 270 минути.

ФОТО: Zigismunds Zālmanis, Riga FC