24фудбал

Џака наскоро ќе пристигне во Рома, Мурињо ќе го добие засилувањето кое го сака

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Арсенал и Рома се во финални преговори за трансферот на Гранит Џака, остануваат уште детали за тој да биде реализиран.

Италија

Гранит Џака е прва желба на Жозе Мурињо, Португалецот има големо мислење за швајцарскиот репрезентативец кој важи за природен лидер на теренот.

Џака веќе се договори со Рома, ќе игра за 2,5 милиони евра по сезона до 2025 година.

Арсенал бара 20 милиони евра за него, Рома нудеше 16, но се верува дека двете страни ќе направиле компромис и трансферот ќе се реализира.

Откако го обезбеди потписот на Алберт Самби Локонга кој треба да биде наследникот на Џака, се верува дека Арсенал го омекнал и ставот за цената на фудбалерот кој го сака Рома.

Се очекува во наредните денови трансферот да се комплетира и Џака да се приклучи на подготовките на Рома.