24фудбал

Политано: Повеќе ме болеше Наполи отколку тоа што не бев повикан да играм за Италија на ЕП

Фудбалерот на Наполи, Матео Политано вели дека повеќе бил разочаран што неговиот тим не успеал да избори место во ЛШ, отколку што не бил повикан да игра за Италија на Европското првенство.

Италија

Наполи не успеа да заврши во топ четири минатата сезона откако одигра само 1-1 против Верона во последното коло.

Запрашан дали бил поразочаран од тој неуспех или од тоа што не бил во составот на Италија за ЕП, Политано одговори:

„Повеќе за Наполи, бидејќи навистина дадовме се што имавме“.

„Лош меч може да се случи, има многу големи клубови кои губеле бодови против помали состави, и за жал нас ни се случи и тогаш, но се надевам дека нема да ни се повторува во иднина“.

Политано беше на поширокиот список на Манчини за ЕП, но не беше избран во патниците за големото натпреварување кое Италијанците го освоија.