24фудбал

Ерера си игра мајтап со Рохо за противпожарниот апарат (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо беше во центарот на вниманието во жестоката тепачка на мечот меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс, а неговиот бивш соиграч, Андер Ерера се пошегува со него.

Јужна Америка

Во еден момент од тепачката со обезбедувањето и полицијата, Маркос Рохо го откачи противпожарниот апарат и тргна да тепа со него. Момент кој предизвика големо внимание.

Андер Ерера си поигра мајтап со својот пороанешен соиграч од Манчестер јунајтед, на инста стори објави фотографија од него и Рохо и додаде противпожарен апарат во раката на Аргентинецот.